
Следи основачот на „Microsoft“ Бил Гејтс (64.4 мил.$) и шпанскиот тајкун Амансио Ортега (53,6 мил.$), oсновач на компанијата „Индитекс“, позната и по над 1.600 продавници на „Зара“. Само оваа година до октомври Ортега заработил 18 милијарди долари или 66 милиони дневно! Тој го претекна Ворен Бафет, кој сега е 4-ти на листата најбогати со 48,4 милијарди долари.
Меѓу првите 25 најбогати се и основачот на Икеа, Ингваер Кампрад, четири члена на семејството Волтон кое ги контролирата „Волмарт“ и Стефан Персон – најголем акционер на шведскиот гигант за облека „H&M“.
Со богатство од 6,8 милијарди долари Марк Цукерберг, извршниот директор на „Фејсбук“, се бори да влезе во првите 200 на листата на влијателниот економски магазин „Блумберг.












