Поранешниот светски првак во стандарден шах Магнус Карлсен ја освои титулата на Светското првенство во брзопотезен (блиц) шах во узбекистанскиот град Самарканд.

Во конкуренција на 208 шахисти од 45 земји, меѓу кои дури 140 велемајстори, Норвежанецот Карлсен нанижа 12 победи и осум ремија, со еден пораз, и со половина бод предност ја освои титулата пред Русинот Данил Дубов.

Со ова Карлсен по седми пат ја одбрани светската титула во брзопотезен шах, а минатата недела ја одбрани титулата и во забрзан (рапид) шах.

Неговата доминација во брзопотезен шах почна во Москва 2009, продолжи во Дубаи (2014), Ријад (2017), Санкт Петерсбург (2018), Москва (2019), Алмати (2022) и сега во Самрканд (2023).

Паралелно со ова, Карлсен пет пати ја освојуваше и титулата во забрзан шах, а за него ова е неверојатна е четврта двојна круна во овие дисциплини – Дубаи 2014, Москва 2019, Алмати 2022 и Самарканд 2023.

OhridNews