Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак и охридската група Take 5 за дочек на Нова година на градскиот плоштад
19.12.24 13:30
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници. На 30-ти декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во 20 часот публиката ќе може да го проследи стендап шоуто 2 Mothers Brothers на Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски.
На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак, охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.
На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.
Новогодишната програма оваа година го вклучува и проектот „Охридска новогодишна приказна“ кој ќе започне на 24-ти декември и има 20 забавни настани посветени на најмладите. Дел од настаните е предвидено да се одржуваат напладне, а дел во вечерните часови.
На 21092026 во 11:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано о...
На 25 септември, петок, во 20 часот во Култ Културен Центар во Охрид ќе се одржи мултимедијална изложба и перформанс на тема Grief Tree Деновиве Култ Културен Центар е домаќин на пет уметници од ра...
Актуелниот освојувач на ЕХФ Европскиот куп, ГРК Охрид, одбраната на европската титула ќе ја започне против турски Спор Тото СК Така одлучи ждрепката што денеска се одржа во Виена Охриѓани ќе бидат ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.