Каролина Гочева, Наум Петрески, Пајак и охридската група Take 5 за дочек на Нова година на градскиот плоштад
19.12.24 13:30
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници. На 30-ти декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во 20 часот публиката ќе може да го проследи стендап шоуто 2 Mothers Brothers на Никола Тодороски и Стрезо Стаматоски.
На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2025 година, охриѓани и туристите ќе може да уживаат во настапот на поп дивата Каролина Гочева, македонската фолк ѕвезда Наум Петрески, миленикот на младата публика Пајак, охридската група Take 5, DJ Gec и DJ Face.
На 1-ви јануари на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ ќе има дневна забава за која ќе се погрижат уникатната Сара Мејс и групата „Балканикос Бенд“.
Новогодишната програма оваа година го вклучува и проектот „Охридска новогодишна приказна“ кој ќе започне на 24-ти декември и има 20 забавни настани посветени на најмладите. Дел од настаните е предвидено да се одржуваат напладне, а дел во вечерните часови.
Познатиот охридски новинар, публицист и хроничар, Владимир Ангеличин – Жура постхумно е добитник на највисоката општинска наградата „Св Климент Охридски – Патрон на градот Охрид“ Одлуката е донесен...
Целосно расчистена дивата депонија во с Грко Поле по спроведената акција за отстранување на насип од над 300 m² отпад Ова е само една од многуте локации што ги идентификувавме и влегува во нашиот п...
На 03122025 во Охрид, по претходно добиена судска наредба, полициски службеници, извршиja претрес во домот на 21-годишно лице од Охрид, информираат од МВР При тоа биле пронајдени и одземени семки о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.