Големата македонска музичка ѕвезда Каролина Гочева ќе настапи на манифестацијата „Бела ноќ“ на 6-ти јули на градскиот плоштад, со која ќе биде означен официјалниот почеток на главната туристичка сезона во Охрид.
Каролина Гочева
Покрај Каролина, во музичкиот дел ќе настапат и Панчо и ДНК, а забавата длабоко во ноќта ќе продолжи со ди-џеј сетови на Lafonque и Iceberger.
На 6 и 7 јули, градот практично ќе работи 24 часа, а туристите покрај концертот на градскиот плоштад, ќе можат да се запознаат со спецификите на Охрид кои ќе бидат презентирани на специјални пултови, а забавата ќе продолжи во угостителските објекти кои ќе работат цела ноќ.
Планирано е оваа манифестација да стане традиционална и да се одржува секоја година на почетокот на летната туристичка сезона.