Во недела, 3 март, ГРК Охрид го пречекува лидерот на табелата Алкалоид. Картите за дерби мечот од 4 плеј-оф коло по цена од 100 денари во четврток, петок и сабота ќе се продаваат во охридската чаршија кај Аждер, а во недела на билетарата при спортската сала „Билјанини извори“.

За повеќе купени карти следат вредни подароци, навивачки реквизити и други изненадувања!, велат од ГРК Охрид..

Натпреварот Охрид – Алкалоид во недела се игра во 18:30 часот.

OhridNews