Во десеттина дена „кралевите“ ги изгубија шансите за освојување на некоја титула. Во шпанската Примера и во Купот на Шпанија им пресуди Барселона, а во Лигата на Шампиони екипата на Ајакс која забележа сензационална победа 4-1 на Сантијаго Бернабеу и обезбеди пласман понатаму.
Поразот и елиминацијата значеше крај на европската доминација на Реал Мадрид која траеше над 1 000 денови. „Лос бланкос“ ги освојуваа последните три титули, но под водство на Зинедин Зидан и со Кристијано Роналдо во составот.
Никогаш не сум се чувствувал вака да не можам да објаснам. Никогаш не е лесно да играше после два порази од Барселона, но ја сакавме победата и пласманот понатаму. Меѓутоа, две грешки не чинеа два брзи погодоци, а третиот дојде на почетокот од второто полувреме. Не гледам крај на овој циркус. Имаме млад тим и простор за напредок, но мораме да признаеме дека оваа сезона е многу лоша. – изјави Дени Карвахал.
И покрај поразот и сезоната за заборав тренерот на Реал Мадрид, Сантијаго Солари одбил да си поднесе оставка. Тој на средбата со медиумите изјавил дека сега е најлесно да се замине од клубот.
OhridNews