Голманот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа по одличната сезона во Премиер лигата се наоѓа на подготовки од шпанската селекција заедно со Икер Касиљас.

Де Геа секојдневно се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, а тоа очигледно не му се допаѓа на Касиљас, кој го „искулира“ помладиот голман на паркингот од тренинг кампот.


Дали се работи за моментално расположение на капитенот на „црвената фурија“ или пак најава за некаква борба на „два фронта“ ќе покаже најдобро времето.

Ohridnews