Чуварот на мрежата и капитен на Реал Мадрид, Икер Касилјас остана до крајот на Сантијаго Бернабеу да ги слушне свирежите на навивачите по поразот од Шалке 4-3 во Лигата на Шампиони.


– Мораме да ги прифатиме критиките од навивачите бидејќи нашата игра не беше на потребното ниво. Добро е што поминавме понатаму иако не ја одработивме домашната задача како што требаше. Несомнено го допревме дното, но има и позитивна работа што поминавме понатаму. Во следните десет дена треба сите заедно да го заборавиме ова и да продолжиме понатаму. – рече Касилјас.

Поразот од Шалке пред своите гледачи беше прв неуспех на Реал Мадрид сезонава по седумте победи во низа.

Мх.П.