Сезонава капитенот на „кралевите“ Икер Касилјас ја врати врвната форма и пак стана прв избор за чувар на мрежата на Реал Мадрид. Тој беше во немилост кај Жозе Мурињо, кој го остави речиси цела сезона на клупата и шанса добиваше Диего Лопез.

Речиси две сезони капитенот на „фуријата“ Икер Касилјас беше „наградуван“ со свирежи на сите стадиони ширум Шпанија, а најмногу во својот дом на „Сантијаго Бернебаеу“.
– Многу ме болат свирежите кога ги слушам на нашиот стадион. Публиката може да се однесува како сака, но сепак со свирежите тие не ни ја олеснуваат работата туку ни ја намалуваат самодовербата – додаде Касилјас.
Италијанскиот стратег Карло Анчелоти по доаѓањето во Мадрид веднаш ја легна топката и наизменично им даваше шанса на Касилјас односно Диего Лопез.
Мх.П.










