Одново како пред две сезони на големо се пишува за заминување на долгогодишниот капитен на „кралевите“ од Сантијаго Бернабеу, Икер Касилјас.


Чуварот на мрежата се поврзува со трансфер во Арсенал, а тој ги негираше гласините и рече дека се наоѓа на најдоброто место.

– Нема никаде да ми биде подобро од Реал Мадрид и можам да кажам дека моето место е само тука. – рече Касилјас.

Тој се осврна и на двомечот со Јувентус во 1/2 од Лигата на Шампиони и можноста пак да се сретни со големиот пријател Џиџи Буфон.

– Тоа ќе биде тежок двомеч како и неколкуте меѓу нас до сега. Буфон и Пирло со искуството го предводат тимот и репрезентацијата до неверојатни успеси и тие се душа на екипата. Против нив често се среќавам на терените и секогаш носам добри спомени од нашите меѓусебни пресметки. – додаде шпанскиот репрезентативец.

Ohridnews