Голманот на Лестер и син на легендардниот дански голман Питер Шмајхел, Каспер во Скопје на пријателскиот натпревар со Македонија ќе дебитира за националната селекција. Натпреварот со поранешниот Европски првак, Данска е закажан на 6 февруари.


Селекторот на данскиот состав се одлучи да му пружи шанса на Каспер откако двата избори на голманската позиција не се стандардни во екипите кои се натпреваруваат. Андерс Линдегард се почесто е на клупата и не добива шанса пред Шпанецот, Давид де Геа во Манчестер Јунајтед додека Стефан Андерсен не е во најдобра форма.

Данската селекција како Европски првак допатува во Скопје во далечната 1994 година, тогаш на голот беше незаменливиот Питер Шмајхел, мечот заврши без победник 1-1, а голот за Македонија го постигна Митко Стојкоски.

Мх.П.