Ракометарките и тренерот на Вардар, Индира Кастратовиќ не го криеја задоволството по големата победа над Будуќност во претпоследната рунда од главнта фаза во Лигата на Шампиони.
„Црвено црните“ до историската прва победа во меѓусебните пресметки дојде со фантастичната помош од публиката, фуриозниот финиш и неверојатни интервенции на Амајдин Лејно.
– Знаевме што нѐ очекува, ни доаѓа европскиот шампион, никогаш немавме победа и се надевавме и верувавме дека можеме тоа да го направиме. Сакам да ѝ се заблагодарам на публиката која не поддржуваше, беше нашиот осми играч и да се заблагодарам на сите девојки. На прво место ќе ја ставам Лејно, која нѐ носеше цел натпревар, беше одлична, лидер на сите во една тимска игра во 60 минути. Треба да сме горди што имаме вакви екипи од нашите простори и се надевам дека ќе се сретнеме повторно, ама овој пат да играме финале. – рече Кастратовиќ.
На изјавата од вардаровиот стратег се надоврза гостинскиот тренер Драган Аџиќ кој рече: – Му честитам на Вардар, ова беше едно вистинско дерби, драго ми е што во регионот на екс Југославија постојат два вакви екипи, едни од најдобрите во Европа. Со вакви натпревари се крева квалитетот и во целиот регион. Ние влеговме фокусирани, се обидовме да одиграме најдобро што можеме, сакавме да останеме непоразени, но Вардар не ни го дозволи тоа. Даде силен отпор и ни даде голем материјал за анализа. Би сакал да се сретнеме повторно во фајналфорот и двете екипи го заслужуваат тоа.
Во последното коло од главната фаза Вардар ќе се сретне со Савехов додека Будуќност ќе ги одмери силите со Митјиланд.
ЛШ: Вардарки го срушија митот за непобедливост на Будуќност
OhridNews











