Фудбалерите на Барселона се наоѓаат на чекор од пласман во финалето. Во првиот 1/2 финален дуел против Виљареал каталонците славеа со 3-1.


Барселона „отвори“ со погодокот на Лионел Меси, со иста мера возврати гостинот преку Мануел Тригуерс.


Каталонците не сопреа туку со погодоците на Андрес Иниеста и Жерард Пике обезбедија речиси комотна предност пред реванш натпреварот.


Пласманот во финалето немаше да биде неизвесен ако Нејмар во 70-та минута успеше да реализира ударот од белата точка.

Мх.П.