Фудбалерите на Барселона избија на првата позиција во Примера по убедливата победа 6-1 над Рајо Ваљекано на Ноу Камп.
Каталонците се две раце го зграпчија поклонот од Атлетик Билбао, кој пред своите гледачи го совладаа Реал Мадрид со минимални 1-0.
Три од шест погодоци реализираше Лионел Меси, два постигна Луис Суарез, а еднаш погоди и Пике.
Двете екипи мечот го завршија со десет фудбалери откако црвени картони добија Тито односно Дани Алвес.
Мх.П.