Фудбалерите на Барселона се првите финалисти во Купот на Шпанија. Во 1/2-финалниот двомеч каталонците беа подобри од Виљареал со вкупен резултат (5-2).
Поголем дел од работата каталонците решија на првиот меч на Ноу Камп победувајќи 3-1, а со идентичен триумф на гостински терен го заверија пласманот во финалето.
Избраниците на Луис Енрике во финалето ќе имаат шанса да ја освојат титулата, на која минатата сезона се радуваше лутиот ривал Реал Мадрид. Противник ќе им биде подобриот од дуелот меѓу Атлетик Билбао – Еспањол.
Мх.П.