Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација словенецот Среќко Катанец, е нов селектор на Албанија, за годишна плата од 120 илјади евра.

„Катанец е новиот тренер. Тој е амбициозен и има самодоверба. Ова е прекрасна шанса за него“, изјави анонимен претставник на албанскиот фудбалски сојуз.

Катанец на клупата на Албанија ќе го замени хрватскиот стручњак Јосип Куже. Со Катанец на македонската клупа репрезентација на Македонија го имаше најдобриот пласман на ФИФА рејтинг листата.

Ohridnews