Во поларни услови Македонија вечерва по петти пат ќе се сретне со БиХ во пријателска средба. По Невремто што ја зафати БиХ домаќините најавуваат дека условите за игра нема да им бидат наклонети. На теренот во Зеница пред 8 години одигравме еден контролен меч кој домаќините го добија  минимално (1-0).

Не сметам дека тешкиот терен во Зеница ќе ни биде предност. Македонија во лоши услови за игра, во Скопје, против Хрватска и Србија, забележа добри резултати, но одигра добро и во идеални услови против Англија. Очекувам судир на две рамноправни селекции, кои имаат амбиции во новиот квалификациски циклус да направат исчекор во европскиот фудбал – порача Сречко Катанец.

Нема ништо ново во списокот на Катанец, сите се проверени кандидати а Словенецот најави дека на сите ќе им даде шанса . Тренерот на Лацио Делио Роси, го замолил Катанец Пандев да одигра само едно полувреме

Ќе играме со иста формација, а што се однесува до Пандев, ќе биде на теренот онолку колку што ќе проценам дека е потребен во екипата. На овие натпревари се испробуваат тактички замисли и потенцијалот на кандидатите кои се наметнуваат – вели Катанец.

На последниот дуел во Скопје, пред четири години, Македонија и’ се реваншира на БиХ со идентична победа од 1-0. Победничкиот гол за „црвено-жолтите“ беше дело на новиот македонски лидер, Горан Пандев, кој во овој состав е и прв стрелец со 12 погодоци.

Босанците ми се во добро сеќавање. Против нив го постигнав еден од најдрагите репрезентативни голови. Посакувам и на овој нов дуел да се запишам на листата со стрелците – вели Пандев

Главен судија за оваа средба е Владо Свилокос од Хрватска а му помагаат неговите сонародници Синиша Премужај и Јосип Хаваич. Натрпеварот започнува во 20.15 ч, со пренос на ТВ Сител.