Селекторот на македонската фудбалска репрезентација , Сречко Катанец  го соопшти списокот на играчи кои ќе настапат на пријателскиот натпревар со Србија што ќе се одигра на 6.Февруари во нашата земја.

На списокот се 18 имиња:

ГОЛМАНИ: Петар Милошевски (Енозис, Кипар), Томе Пачовски (Работнички К.)

ОДБРАНА: Гоце Седлоски ( Матерсбург, Австрија), Игор Митрески (Енерџи К.Германија), Владе Лазаревски (Гроцлин, Полска), Бобан Грнчаров (Гент,Белгија), Николче Новески (Мајнц,Германија), Горан Попов(Левадијакос,Грција).

СРЕДЕН РЕД: Величе Шумуликоски (Бурсаспор,Турција), Влатко Гроздановски (Омонија, Кипар), Дарко Тасевски (Левски,Бугарија), Артим Положани (Кобленц,Германија), Славчо Георгиевски (Славија,Софија).

НАПАД: Горан Пандев (Лацио,Италија), Ацо Стојков (Дебрецин, Унгарија), Горан Мазнов (Томск,Русија), Иван Тричковски (Црвена Звезда, Србија), Илчо Наумоски (Матерсбург,Австрија).

Собирот на репрезентативците е на 4.Февруари во х.Александар Палас. Истиот ден ќе се одржи и прес конференција со почеток во 12ч. Првиот тренинг ќе се одржи во попладневните часови во Скопје. (Распоредот ќе биде направен во зависност од тоа каде ќе се игра натпреварот).

– Ова а одлична прилика да се собереме по подолго време. Сигурно дека терминот не е најпогоден бидејќи поголемиот дел од репрезентативците се на подготовки со своите тимови и вон натпреварувачка форма сем оние кои настапуваат во лиги со континуитет како Пандев,Милошевски .

Од тие причини не сакав ништо да експериментирам со нови имиња и на натпреварот со Србија ќе играат најстандардните од претходниот циклус што не значи дека списокот нема да биде проширен за наредните средби.

Што се однесува до репрезентацијата на Србија нема што повеќе да се каже сем дека е една од најсилните европски селекции со квалитетни играчи, ѕвезди на елитните европски лиги и сигурно вистински предизвик за нас но и за гледачите. Иако реков овој термин не е најпогоден добро е да го искористиме за првата прозивка во пресрет на квалификацискиот циклус за СП- изјави по објавувањето на списокот селекторот Катанец.

OhridNews