Екипата на Палермо во која настапуваат македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајкоски е се поблиску до преселба во Серија Б, откако на Олимпико во 33-та рунда од „Калчо“ лигата претрпе убедлив пораз од Лацио 6-2.


Домаќините сите дилеми околу победникот ги решија за 20 минути, односно од 7 до 27 кога Чиро Имобиле и Балдо Диајо Кеита заедно постигнаа пет голови. Во вториот дел сицијалинците со двата голови на Андреа Рисполи ја намалија негативата, a Креко во судиското продолжение го постави конечниот резултат.


Составот на Палермо има само теоретски шанси за опстанок, бидејќи на пет мечеви од крајот на шампионатот заостанува 13 бодови зад тимот на Емполи.

Резултати: Сасуоло – Наполи 2-2, Милан – Емполи 1-2, Киево – Торино 1-3, Лацио – Палермо 5-2, Сампдорија – Кротоне 1-2, Удинезе – Каљари 2-1, Јувентус – Џенова (20:45ч).

OhridNews