Апелационен суд донесе одлука дека поранешната обвинителка Катица Јанева останува во притвор во Шутка. И покрај тоа што истрагата е завршена, како причина се наведува можноста за бегство.
Жалбата до Апелационен суд беше испратена откако Кривичен суд ја одби гаранцијата од движен и недвижен имот кој Јанева го понуди како гаранција за да ѝ биде одредена поблага мерка.
Катица Јанева од 21 август е во притвор како третоосомничена во случајот „Рекет“.