Христовото раѓање претставува еден од најголемите празници во христијанската религија. Ако православните христијани раѓањето на Божјиот син го чествуваат на 6-ти јануари, поголемиот дел христијани од католичка вероисповед вчера го прославуваа Божиќ.

Богатата трпеза со традиционални јадења, вареното вино и божиќните колачина се карактеристиките кои се пропратни со празничната атмосфера. Традицијата која по Јулијанскиот календар се паѓа на 25-ти декември, ја честуваат и охриѓани. Во домот на Деспотоски, Божиќ по „католички“ се празнува веќе со години.

Христовото раѓање претставува најголем празник за христијаните во светот. На Бадник, трпезите се прилично богати, а црвеното вино е неодмилнив дел од празнувањето. На 24-ти спрема 25-ти во католичките храмови се одржува полноќна миса, на која што присуствуваат голем број верници.“ – вели Бојан Деспотоски.

Поголемиот дел од обредите кои се застапени во католицизмот, се различни од православните обичаи. „Според нашите традиции, на 12-ти декември се сади пченица, која на полноќната миса се носи на благословување. Според преданијата, колку овие растенија ќе пораснат толку ќе е нашата среќа во годината што претстои. Исто така, карактеристични се божиќните поклони кои се отвораат на вечерта после мисата.“ – истакнува овој наш сограѓанин.

Католиците во Европа овој празник го честуваат со различна трпеза, претежно со традиционални јадења од поднебјето од кое потекнуваат.  „Далматинците“ најчесто приготвуваат јагнешко кое го спремаат на карактерисчтичен начин, додека во Англија се „обожува“ мисирката и морската храна. Нашите читатели од Холандија, ни испратија фотографии како се чествуваа овој празник во оваа европска земја.

Традиционално во нашата земја, луѓето за време на Божиќ приготвуваат пилешко месо и специфични свински ролати. Во семејна атмосфера, некои спремаат морска храна, а други мисирка. Ноќта пред христовото раѓање се даваат поклони, кои пред тоа стојат покрај накитената елка. “ – вели Холаѓанецот со охридско потекло, Мартин Грозданоски.

богатата трпеза на католиците од Холандија

По повод големиот празник честитка до верниците од католичка вероисповед упати бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов. Според него, најголемата вредност на човекот е кога Бог присуствува со човекот. „Вам драги верници, но и на вас почитувани, со добра волја Ви посакувам неизбежна средба со Исус Христос, кој токму на овој Божиќ за вас има утешна порака и охрабрување.“ – изјави Стојанов.

Инаку, традиционалната празнична миса во Охрид се одржа во Католичката црква „Св. Кирил и Методиј“.

О.Т.