Католички свештеник во понеделникот е осуден на четири години затвор поради сексуален однос со две затворенички во женскиот затвор во кој работел.

47-годишниот амерички свештеник Винсент Инамети работел во затворот 7 години, но минатата година на виделина излегло дека сексуално ја злоупотребувал и чуварката на затворот.

Судијата, откако ја изнесол пресудата, му рекол на свештеникот дека ја изневерил довербата не само како вработен во државниот затвор, туку и како Божји човек.

„За тоа ќе одговара кај поголем авторитет од мене“, изјавил судијата.

Двете злоупотребувани жени биле во затвор поради продажба на дрога, а свештеникот го „запознале“ кога се приклучиле на собирите за веронаука.