Триесет дена притвор и е изречен на кавадарчанка која што го подведувала и го терала да питачи 13-годишното девојче од Домот „25 Мај“. Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Одделот за сериозен и организиран криминал на МВР до ОЈО за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против 42-годишна жена од Кавадарци поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело-“трговија со дете“.

Имено, според документираните сознанија, утврдено е дека пријавената во текот на декември минатата и јануари оваа година го принудувало 13-годишното девојче штитеник на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми“25 Мај“, да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест. Исто така, покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи ја за нејзина сметка да питачи.

Кавадарчанката е задржана во полициска станица и во текот на денот ќе биде однесена за распит при Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1.

OhridNews