Завршниот турнир од Купот на Македонија во машка и женска конкуренција за 2008 година ќе се одигра во Кавадарци.
КК Фени Индустри беше единствениот учесник во лицитацијата, која се одржа во просториите на КФМ.

На завршниот турнир во машка конкуренција ќе учествуваат екипите на Фени Индустри, Струмица 2005, Фершпед Работнички, Свисслион Пелистер, Амак СП, Вардар Осигурување, МЗТ Скопје и Маврово.

минатогодишниот победник

На ждрепката, која ќе се одржи во 2008 година, екипите ќе бидат поделени во две групи, одредени според пласманот од есенската полусезона.
Во првата група ќе бидат екипите на Фени Индустри, Струмица 2005, Фершпед Работнички и Свисслион Пелистер, кои се на првите 4 места на табелата.
Во втората група се екипите на: Амак СП, Вардар Осигурување, МЗТ Скопје и Маврово.

На завршниот турнир во женска конкуренција ќе учествуваат екипите на Вигор Скопје, Билјана 006, Младинец и Водњански лисици.

Завршниот турнир од Купот на Македонија ќе се одигра од 13 до 16 март 2008 година.