Францускиот првак Пари Сент Жермен не се откажува од намерите за ангажманот на францускиот репрезентативец Пол Погба.
„Светците“ се подготвени во спротивен правец да ги испратат напаѓачот Едисон Кавани и Италијанецот, Марко Верати.
Понудатата за Јувентус е примамлива и ако е точна се очекува во текот на летото двете екипи да ги разменат фудбалерите.
Но, Погба не е мета само на ПСЖ туку и на Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Реал Мадрид кои можат сериозно да се замешаат за услугите на Французинот.
Мх.П.