Уругвајскиот напаѓач Едисон Кавани во никој случај и по никоја цена не сака да се откаже од изведувањето на пеналите во Пари Сент Жермен.
Како што пренесуваат медиумите од Франција, Кавани одбил финансиска понуда во висина од милион евра да му ги остапи пеналите на Нејмар, кој пред почетокот на сезоната дојде во редовите на „светците“ од Барселона.
Кавани на мечот со Лион имаше блиска средба со бразилскиот репрезентативец кој посака да го изведува пеналот. Напаѓачот ја презеде обврската, но го промаши пеналот.
Тренерот на „светците“ Унај Емери им порача на двајцата фудбалери да се договорат околу изведување на пеналите, бидејќи тој ќе пресечи и ќе нема можност за договор.
OhridNews