Снегот ги скара ВМРО ДПМНЕ и општина Охрид. ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска возврати на прес конференцијата, што вчера ја одржаа градоначалникот и директорот на јавното комунално претпријатие, опишувајќи ја истата како комедијантска. Тие се обвинуваат дека ги злоупотребиле временските неприлики да кажат како со тоа се уништувал туризмот, како со тоа му се наштетувало на Охрид намерн и како не се угледала Владата на нив.

– Еден ден потоа, денес, снегот дојде директно во  Охрид. Со тоа автоматски се поставува прашањето ,каде се сега силните на зборови Петрески и Алче да ги расчистат улиците по кои не само туристите не можат да се движат, туку граѓаните на Охрид не можат да излезат од своите домови. Два дена по ред, улиците останаа опасна артерија во Охрид затоа што прво не се презеде ништо да се совлада мразот вчера, а денес ништо не се презеде да се расчистат улиците и да се обезбеди минимално движење на граѓаните. Неспособноста на Петрески и Алче излезе на површина по којзнае кој пат.Злобниот двоец кој освен напади и злоба ништо нема направено за Охрид уште еднаш сам себеси си удри шамар.Чија е сега одговорноста ? Охрид остана блокиран ,но не само од снегот во градот туку од неспособноста на Локалната предводена од Петрески и Алче, стои во дописот од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

Возврати Локланата самоуправа, од каде истакнаа дека за разлика од магистралните и регионални патишта кои се во надлежност на  државните јавни претпријатија  „Македонија пат“ и „ Агенцијата за патишта“, улиците и тротоарите во Охрид интензивно се чистат , со што се овозможува нормално одвивање на сообраќајот и движење на пешаците.

–    Граѓаните на Охрид знаат како се чистеше Охрид , кога на чело на градот беа градоначалниците од ВМРО – ДПМНЕ  и сега кога градоначалник е Александар Петрески . Ги потсетуваме критизерите од ОК на ВМРО- ДПМНЕ дека патот од  Косел до Ливоишта , кој е во надлежност на „Македонија пат“, не беше исчистен. Нека кажат дека не можат , па ние ќе го исчистиме, наведуваат од кабинетот на градоначалникот.

Реакција пристигна ии од ЈП „Охридски комуналец“ од каде потенцираат дека зимското одржување на улиците и јавните површини на територијата на општина Охрид се одвива со максимален интензитет, со максимално ангажирани дежурни служби, со сета потребна механизација и абразивни средства.

–  Ако ова не сакате да го согледате, тогаш одите малку подалеку, како на пример ул.„Железничка„ и „Булевар Туристичка„ за чие одржување е задолжено „Македонија Пат„, или пак уште подалеку, согледајте ја ситуацијата со која Кичево се справува со снегот, каде градоначалник е Ваш сопартиец. Наместо Вашите ноторни лаги, ние на дело им докажуваме на нашите сограѓани дека сите улици во Охрид континуирано се чистат од снежните наноси, се чистат приградските населби, тротоарите, сообраќајниците и парковите. Сообраќајот се одвива нормално, а како се одвива меѓуградскиот сообраќај , колку часа им треба на граѓаните за патување на релацијата Охрид-Скопје? Наместо да упатувате неосновани обвинувања, како прво согледајте ги реалните проблеми, а како второ – РЕШЕТЕ ГИ, велат од ЈП „Охридски комуналец“.

OhridNews