Наодите на американски научници од Универзитетот во Питсбург сугерираат дека кавгите кај жените се поврзани со долгорочно покачување на крвниот притисок.

Кавгите на жените им го покачуваат притисокот, а особено тоа се однесува на жените во средните години, додека кај мажите истражувачите не пронашле никаква врска помеѓу притисокот и кавгите.

Податоците собрани од околу 1500 испитаници на возраст од 51 до 91 година, покажуваат дека кавгите во најголема мера го покачувале крвниот притисок на жените од средна возраст.

Дополнителни анализи потврдиле дека зголемениот интензитет на кавги би можел да се поврзе со значително покачување на крвниот притисок.

Но, покачувањето на крвниот притисок не е забележано за време на кавгите со сопругот или со децата.

 

извор: metro-portal.hr