Казна до 500 евра за употреба на пиротехнички средства за празниците
30.12.17 11:57
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека препродавањето и употребата на пиротехничките средства, како и употребата на огненото оружје нема да биде толерирано и најстрого ќе биде казнето.Во тек се и превентивните и други активности во насока на информирање на граѓаните за последиците што можат да произлезат од таквиот начин на прославување на празниците.Потсетуваме дека во Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 е предвидено дека: “кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните ќе му се изрече глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност“.
Исто така во Кривичниот законик според член 396 кој се однесува токму на недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи децидно стои дека:“
(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години. (2)Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со затвор најмалку пет години. (3) Ако делото од ставовите (1) и (2) на овој член е сторено во група, банда или друго злосторничко здружение, сторителот ќе се казни со затвор најмалку осум години.
Секојдневните грижи барем за една вечер остануваат пред врата Во сабота, 24 октомври, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид пристигнува „На терапија со Ананас“ – стендап-шоу со нов мате...
Со длабока почит и гордост денес го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ден кој е симбол на вековниот копнеж, пркосот и непоколебливата волја на македонскиот наро...
Основниот суд во Охрид денеска донесе ослободителна пресуда за Илија Спасески и Борче Ангелов, обвинети за нанесување тешка телесна повреда на Христијан Пендиков во инцидентот што се случи во јануа...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.