Апелацискиот суд вчера го потврди делото за кое на лидерот на Обединети за Македонија му беше изречена затворска казна, но ја намали за две години, од седум на пет години затвор, јавува телевизијата „Телма“. Сопругата на Бошкоски е незадоволна и вели дека тоа е уште една потврда дека станува збор за политичка пресуда.

При донесувањето на пресудата, Апелацискиот суд ги зел предвид возраста на Бошкоски, фактот што тој е неосудуван и семеен човек. Адвокатите на Бошкоски ќе ја обжалат пресудата, а доколку не биде уважена пред Врховниот суд, правдата ќе ја бараат во Стразбур.

Бошкоски беше уапсен на 6 јууни минатата година ден по изборите, осуден е за незаконско финансирање на изборната кампања.

OhridNews