Во текот на вчерашниот ден во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Охрид, реализирани се засилени сообраќајни контроли.

Притоа, полициските службеници во Охрид затекнале и од сообраќај исклучиле 15 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол и 72 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената oд кои во Струга – 41, Кичево – 29 и Дебар – 2, велат од СВР Охрид.

OhridNews