На 03.07.2022 година од 18 до 24 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли кон возачи на мотоцикли.
Притоа, полициските службеници регистрирале 45 прекршоци од нив во Охрид 17, Струга 15, Кичево 4, Дебар 9 од кои, најчест е неносење заштитна кацига во текот на управувањето. Апелираме до возачите на мопеди и моторцикли на доследно носење на севкупна заштитна опрема за време на управувањето со мотор и мопед со цел, зголемување на личната безбедност во сообраќајот, вели портпаролот на СРВ Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews