Казнети 9 возачи на мопеди и моторцикли во Охрид, информираат од СВР Охрид.
На 04.06.2022 година од 12 до 18 часот, при сообраќајни контроли извршени во Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 9 возачи на мопеди и моторцикли кои, сториле прекршоци од кои, 6 за неносење заштитна кацига, вели портпаролот Стефан Димоски.
Додава дека полициските службеници во Дебар, санкционирале 3 возачи на моторни возила кои, извршиле неправилно и непрописно престигнување на места на коловозот каде, со сообраќаен знак, престигнувањето е забрането.
OhridNews












