На 29.05.2022 година од 15 до 21 часот, при извршени сообраќајни контроли кон возачи на мопеди и моторцикли, евидентирани се вкупно 14 прекршоци на теритoријата на СВР Охрид.
Од нив во Охрид 4, Кичево 8, Дебар 2. Најчест прекршок е некористење заштитен шлем-кацига за време на управувањето. Против прекршителите, изречени се соодветни прекршочни платни налози, информира порпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Додава дека целта на сообраќајните контроли е доследно придржување на законската обврска за задолжително носење заштитна опрема при управување со мотори и мопеди.
OhridNews












