Од УЈП упатуваат јавна покана до граѓаните за поднесување на годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход за 2015.

Годишна даночна пријава поднесува граѓанин кој остварил приходи по основ на:лични примања,приходи од земјоделска дејност,приходи од самостојна дејност,приходи од имот и имотни права,приходи од авторски права и права од индустриска сопственост,приходи од капитал,капитални добивки,добивки од игри на среќа,други приходи.

Граѓаните кои во текот на годината остваруваат само приходи од: плата и пензија, приходи од земјоделска дејност и приходи од самостојна дејност не се должни да поднесуваат Годишна даночна пријава.Граѓанинот е должен Годишната даночна пријава да ја поднесе до даночната канцеларија на УЈП според местото на живеење.Рокот за поднесување е од 1 јануари до 15 март 2016 година.

Од УЈП потенцираат дека на даночните обврзници кои нема да поднесат даночна пријава во определениот рок,ќе им се изрече глоба во износ од 100 до 200 евра во денарска противвредност за сторен прекршок согласно Законот за персоналниот данок на доход.

OhridNews