Во дводневната акција на УЈП, при контрола на книжари, продавници за детска облека и обувки, казнети се 33 објекти поради неиздавање на фискални сметки.

Меѓу нив се и продавници во Охрид, кај кои било утврдено дека  наместо зголемен промет, вообичаен за почетокот на учебната година поради подготовката на најмладите за првите училишни часови, овие трговци прикажувале помала потрошувачка на нивните производи со нерегистрирање на готовинските плаќања и неиздавање на фискални сметки.

– Во зависност од прекршокот, сите објекти каде се утврдени нерегуларности во даночното работење изречени се глоби кои се движат до 3250 евра, како и затворање на деловните простории од 15 дена или од 30 дена, информираат од УЈП.

Освен во Охрид, казнети се објекти и во Струга, Скопје, Тетово, Штип, Прилеп, Велес, и Кавадарци.

OhridNews