За здравствените установи кои во следниот месец нема да постапат согласно укажувањето на министерството за адаптација на шалтерите, предвидена е парична казна за директорите – 10 посто од плата за два месеци. Ако и во наредниот месец не постапат согласно укажувањето ќе бидат казнети 4 месеци по 10 посто од плата, а доколку и во следните три месеци не завршат со потребното адаптирање ќе бидат санкционирани – 6 месеци по 15 посто од плата.
– Целта е шалтерите, кои даваат услуги за пациентите да бидат прилагодени на начин што ќе бидат отворени, транспарентни и со висина прилагодена на висината на пациентите за да можат полесно и потранспарентно да комуницираат со давателите на шалтерските услуги, потенцираат од надлежното министерство.
Предвидено е горниот дел од шалтерите да биде изработен од проѕирен материјал (стакло, пластика), а крајната цел е да се зачува и унапреди дигнитетот и достоинството на пациентите и на шалтерските работници и подобрување на меѓусебната комуникација.