Точно пред една недела министерката за култура Елизабета Канческа Милеска на новинарите кои дојдоа на прес конференцијата на која беше обеледонето дека се институционализира професионален театар во Охрид, им најави дека во текот на идната недела ќе биде познат и новиот директор на фестивалот „Охридско лето“. При тоа таа посочи дека изборот ќе биде направен од кандидатите кои што се пријавија на изборот за директор на „Охридско лето“.

За директорското место на фестивалот Охридско лето пријавени се 12 кандидати: Јованчо Секулоски, Томе Џамтоски, Александра Белевска, Наташа Спасеска, Климент Недевски, Благоја Петковски, Климент Наумов, Васил Ложанкоски, Анита Котеска, Мери Георгиева, Стојан Савески и Климент Неделковски.

OhridNews