Светската куќа на фудбалот (ФИФА) ги номинираше 23-та фудбалери кои ќе атакуваат на најпрестижната индивидуална награда „Златната топка“.


Последните шест години поминаа во знакот на Кристијано Роналдо и Лионел Меси, а оваа година има неколку конкуренти кои се сериозна закана за Португалецот и Аргентинецот.

Најголемата закана доаѓа од Светскиот првак, Германија, кој има најмногу кандидати меѓу 23-та фудбалери.

Како фаворит се издвојува чуварот на мрежата на минхенски Баерн, Мануел Нојер, но кој знае дали може некој да ги смени од тронот Роналдо и Меси.

Номинираните :  Герет Бејл (Реал Мадрид), Kарим Бензема (Реал Мадрид), Диего Kоста (Атлетико Мадрид/Челси), Тибо Kуртоа (Атлетико Мадрид/Челси), Kристијано Роналдо (Реал Мадрид), Марио Геце (Баерн), Еден Азар (Челси), Анхел ди Марија (Реал Мадрид/Манчестер јунајтед), Златан Ибрахимовиќ (ПСЖ), Андрес Иниеста (Барселона), Тони Kрос (Баерн/Реал Мадрид), Филип Лам (Баерн), Хавиер Маскерано (Барселона), Лионел Меси (Барселона), Томас Милер (Баерн), Мануел Нојер (Баерн), Нејмар (Барселона), Пол Погба (Јувентус), Серхио Рамос (Реал Мадрид), Арјен Робен (Баерн), Хамес Родригес (Монако/Реал Мадрид), Бастијан Швајнштајгер (Баерн), Јаја Туре (Манчестер сити).

Мх.П.