Англиската фудбалска репрезентација со 2-1 ја совлада селекцијата на Тунис и стартуваше со победа на Светското првенство во Русија. Творец на драматичниот триумф беше капитенот Хари Кејн. Напаѓачот погоди за почетно водство 1-0, а во судиското продолжение и за конечен триумф (2-1), откако тунижаните во меѓувреме израмнија од белата точка.
– Неверојатно е чуството да постигнеш победнички погодок за Англија на СП. Со играта и пристапот заслуживме да победиме ! – напиша на социјалните мрежи, Кејн.
Предводникот на англичаните од клупата Герет Саутгејт задоволен е од победата која широко им ги отвори вратите за пласман во 1/8 финалето.
- И да останеше 1-1 јас немаше да бидам незадоволен, бидејќи момците одиграа многу добро. Недели наназад говорам дека главната работа е да се покажиш на теренот, а мислам дека ние се преставиваме во добро светло. Погодокот беше круна за нашата желба за победа. Недостигаа неколку работи во нападот како што се реализација и смиреност, но со тек на време и тоа ќе дојде. – изјави селекторот.
Во втората рунда од Г групата Англија ќе ги одмери силите со Панама која изгуби од Белгија со 3-0 во првот коло.
OhridNews