И по преспиена ноќ и еден ден не стивнуваат реакциите за несреќниот пораз на македонската ракометна репрезентациоја од Данска на ЕП во Србија. Македонија прокоцка водство од 6 гола разлика во првиот дел, за во второто полувреме да успее да се врати од -3 и го имаше последниот напад за победа. Одговорноста ја презеде капитенот Кире Лазаров но неговиот удар го одбрани данскиот голман по што уследи молњевита контра и гол за пораз буквално во последната секунда од мечот. Но дали можеше да биде поинаку доколку Лазаров (13 гола), кој беше удвоен, наместо да шутира, го проиграше Стоилов на линијата од 6 метри кој беше во гол позиција со чувар кој веќе газеше во забранетата зона. Евентуално промашување ќе беше пенал. Втора можност беше додавање за искусниот Алушески кој има отворен пат пред себе затоа што неговиот чувар тргнува во контра. Доколку имаше асистенција, а немаше реализација, ќе немаше ниту време Данска да направи чудо кое и донесе неверојатна и значајна победа.
Ќе победеше ли Данска доколку Лазаров асистираше?
Веројатно нашите момци извлекоа уште една горка поука од поразот во белградска Арена во која доминираа македонските навивачи. Време за тагување нема, затоа што денес не чека ново искушение против репрезентацијата на Полска (16.20).
Целосно се комплетирани активностите за реконструкција на спортските игралишта во подрачниот објект на ООУ „Григор Прличев“ во населба Рача и игралиштето во станбениот комплекс на ул „7 Ноември“ &n...
Ален Ќосевски е нов играч на ГРК Охрид Како што информираат од клубот Ќосевски потпиша на 15 сезона со ГРК Охрид Настапува на позицијата десно крило и има 24 години (184цм) Доаѓа по 65 сезони помин...
Одложениот дерби натпреварот помеѓу екипите на ГКК Охрид и КК Вардар во рамките на 10-то коло од Првата лига мажи ќе се одигра денес во СЦ „Билјанини Извори“ – Охрид со почеток во 13 часот Дерби ис...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.