Покрај ова се очекува зголемување на цените на поевтините цигари, кои ќе поскапат од четири до 10 денари.
Измените во Законот за акцизи предвидуваат акцизата на цигарите постепено да се зголемува во наредните 10 години.
Во првите три години поскапувањето ќе изнесува за 0,15 денари по парче цигара годишно, додека од 2016 до 2023 година цигарите ќе поскапуваат секоја година по 0,20 денари за парче.
Во наведениот период акцизата на тутунот за пушење како фино сецкан тутун годишно ќе се зголемува по 50 денари за килограм.
Зголемувањето на акцизите е со цел усогласување со европските директиви, појаснија од министерството за финансии при претставувањето на законските измени.
Makfaks