Времето во Македонија денеска ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне. Врнежите позастапени ќе бидат во западните делови, каде на планините кон крајот на денот ќе преминат во снег. На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и ретки грмежи. Во крајните западни делови се очекува да наврнат и над 20 л/м2.
Утринската температура ќе се движи од 0 до 8, а дневната од 10 до 16 степени.
Според прогнозите утре ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час. Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со умерен јужен ветер.
OhridNews