Утре завршува рокот за пријавување на кандидати за директорската функција во општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“, по распишаниот конкурс од страна на училишниот одбор.
Колкав е бројот на заинтересираните кои се пријавиле на конкурсот останува непознато, но како што дознава OhridNews своја пријава до училишниот одбор веќе поднел и актуелниот ВД директор на гимназијата Никола Тренески, кој оваа функција ја извршува од месец јуни.
Согласно законската процедура, по завршувањето на рокот за поднесување на апликациите следува нивно разгледување од страна на формирана комисија, по што ќе следи и интервју со пријавените кандидати кое ќе се врши од страна на претставници на училишниот одбор и од Бирото за развој на образованието. Потоа нивниот предлог кандидат за директор на училиштето треба да се испрати до градоначалникот Никола Бакрачески кој ќе треба да го разгледа и одобри или евентуално отфрли доставениот предлог.
Т.К.














