По повод Светскиот ден на водите, 22-ри март, во Македонија денеска ќе стартува кампањата „Сите во акција за Зелена Македонија – 2012“, која е организирана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за млади и спорт.
Во рамки на акцијата која ќе се спроведе на повеќе на повеќе локации низ земјава, ќе се чисти и граничниот премин Ќафасан.
Во акцијата ќе бидат вклучени: Министерството за животна средина и просторно планирање, Агенцијата за млади и спорт, Министерство за внатрешни работи, Агенцијта за државни патишта и ЈП Македонија пат, Царинската управа, Риболовната федерација, Кајакарската федерација, локалните самоуправи, ученици од средните училишта и невладини организации.












