Неформалната еколошка организација „Чист Охрид“, на 6-ти март, недела, ќе ја спроведе осмата акција. Ќе се чисти тревната површина на улицата „Марко Цепенков“.
Збирно место за заинтересираните е маркетот „Випс“ во 12 часот.
Пред неколку дена на оваа локација екипите на ЈП Охридски Комуналец собрале 30 вреќи најразличен отпад, но од „Чист Охрид“ сметаат дека зелените површини не се соодветно исчистени, поради што волонтерите ќе делуваат на улицата „Марко Цепенков“.
„Комуналните служби мораат да стекнат чувство на одговорност и да ги исполнат обврските за кои постојат. Градот мора да биде чист. Сите заслужуваме чист Охрид!“ – се вели во повикот за акција на „Чист Охрид“.
OhridNews