На младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен бизнис државата ќе им помогне со неповратна финансиска помош со максимален износ од 600 илјади денари. На огласот кој е во тек, можат да се пријават фармерите на возраст до 40 години.

Според условите на огласот, за ваква финансиска поддршка има право да конкурира секој млад земјоделец кој почнува да се занимава со оваа дејност. Апликантот треба да има деловен план и да е индивидуален земјоделец или трговец поединец не подолго од 18 месеци. Барателот треба да има средно земјоделско образование или обука, да ги почитува добрите земјоделски практики и мерките за заштита на природата и животните.

По одобрувањето, парите ќе се исплаќаат годишно, најмногу на три рати.

Барателите не смеат да почнат со инвестицијата пред потпишувањето на Договор со платежната Агенција. Финансиска поддршка е неповратна, и ќе се контролира 5 години.

OhridNews