Вечерва со почеток во 20 часот во струшкиот Центар за култура „Браќа Миладиновци“ во ќе се доделуваат наградите на најдобрите танцови точки, кои беа дел од второто издание на Интернационалниот фестивал „ИКС ДЕНС“, кој се одржува во Струга од 15-ти до 21-ви јуни.
-Овој фестивал го слави танцот во сите форми, од класичен балет, естрадни танци до фолклор и народно–сценски танци и на него учествуваат млади и талентирани уметници од повеќе држави, меѓу кои најбројни се танчерите од Русија, Казахстан и Македонија, појаснуваат организаторите.
Во рамки на фестивалските денови, публиката имаше можност да ужива во повеќе атрактивни танцови точки, а во текот на денешниот ден ќе се одржат натпреварите во повеќе танцови дисциплини и категории , а учесниците ќе ги оценува реномирано меѓународно жири. По доделувањето на наградите ќе се одржи Гала концерт на кој ќе настапат најдобрите учесници на фестивалот.
OhridNews