Во наредниот период општина Охрид планира да издвои средства за уредување на коритото на реката Грашница во делот на градскиот потег од булевар „Туристичка“ до улицата „Желeзничка“ и во потегот кон улицата „Ариф Мустафа“. Овој инфраструктурен проект е предвиден во Програмата за уредување на градежно земјиште од 2015 до 2017 година.
Целта на оваа програма, која ја изработи Секторот за комунален развој, сообраќај и улици е да ги реши комуналните проблеми со кои се соочуваат граѓаните и да обезбеди основни услови за развој на општината.
Новото корито на реката Грашница на дел од течението кон сливот во Охридското Езеро, беше изградено и пуштено во употреба пред околу три години, но кејот и околината на реката сеуште не е комплетно уредени.
OhridNews


.jpg)









